Технологијата на FledgeWorks

FledgeWorks го користи најнапредниот графички кориснички интерфејс (GUI), која овозможува работа на сите уреди, од смартфон до големи монитори на десктоп компјутери. Апликацијата е дизајнирана во согласност со најновите барања за развој на веб-апликации и веб-услуги. Користената технологија овозможува брз и ефикасен развој на решението и прикажување на податоците на начин кој е разбирлив и транспарентен за корисникот.

Технички карактеристики и предности на апликацијата FledgeWorks

FledgeWorks е дизајнирана како cloud-базирана SaaS (Software as a Service) платформа. За пристап, корисниците имаат потреба само од веб-пребарувач, без разлика на уредот што го користат, и пристап до интернет конекција.

Апликацијата работи на Microsoft Azure Cloud платформата, со сервери за Европа лоцирани во Амстердам и Даблин. Оваа платформа ги исполнува најстрогите безбедносни стандарди, обезбедувајќи усогласеност со меѓународните и регионалните регулативи за приватност и заштита на податоци.

Дополнително, се стремиме да обезбедиме најдобро корисничко искуство со користење на Apdex – отворен стандард за мерење на перформансите, корисничкото задоволство и целокупниот квалитет на интеракцијата со платформата.

Безбедност на податоците

Свесни сме дека безбедноста на податоците е важна за секој бизнис, па затоа FledgeWorks користи Azure SQL – дата база за складирање податоци, која прави автоматски backup на податоците.

SQL Azure базата на податоци е флексибилна, што значи дека во случај на зголемено оптоварување на системот, лесно може да се прошири нејзиниот капацитет, со цел непречена работа на системот.

FledgeWorks содржи посебен сет на функционалности за управување со пристапот и корисничките привилегии. Овој систем овозможува контролиран пристап до податоците, групирајќи ги корисниците според нивните улоги и хиерархијата во организацијата.