HRM платформа за сеопфатно управување со човечки ресурси

Сите HR процеси. Една поврзана платформа.

Сеопфатно, скалабилно, лесно за користење и исплатливо HRM софтверско решение од новата генерација, наменето за компании од сите големини.

FledgeWorks HRM platform

FledgeWorks – Сѐ во едно, едно решение за сите!

Ги опфаќа сите процеси за стратешко и агилно управување со луѓето и создава позитивно корисничко искуство. Ги поврзува HR-тимот, менаџерите, вработените и кандидатите за вработување. Платформата е достапна во секое време, од кој било уред.

FledgeWorks расте заедно со вас, ги забрзува работните процеси и го намалува работното оптоварување преку автоматизација. Благодарение на модуларната структура што лесно се проширува, им носи вредност и на најголемите компании и на малите стартапи.

Доверба ни укажаа водечки компании од различни индустрии

Нашите клиенти

и што тие велат за нас

„Воведувањето систем за управување со човечки ресурси не е само технички проект; тоа е темелна промена во начинот на кој една организација управува со своите вработени и со знаењето. Со преминот од неповрзани Excel-табели и алатки што бараа рачна работа, кои со нашето ширење во Словенија и Босна и Херцеговина стануваа сè потешки за одржување, создадовме средина во која HR-процесите се поедноставни, појасни и поповрзани. Оваа промена му овозможува на нашиот тим да се ослободи од товарот на рачните административни задачи и да се посвети на она што е навистина важно: поддршка за нашите вработени, поттикнување на нивниот развој и придонес кон долгорочниот раст на компанијата.“

Сања Ковач

Сања КовачРаководителка за HR-операции, Pirnar d.o.o.

„Како организација со разновидна структура на вработени и сложени оперативни потреби, баравме HR-решение што лесно ќе се вклопи во нашите постојни процеси. FledgeWorks ни го овозможи токму тоа. Откако ја воведовме платформата, дигитализиравме и автоматизиравме многу од нашите HR-процеси, ги поедноставивме административните задачи и создадовме поповрзана и поефикасна работна средина и за вработените и за HR-тимот.

Едноставноста на користење, интуитивниот интерфејс и обединувањето на различните HR-функции во една платформа значително ја намалија рачната работа. Задачите за кои порано ни беа потребни часови сега ги завршуваме за неколку минути. Тоа ни овозможува да се посветиме на она што е навистина важно: нашите луѓе.

FledgeWorks не е само софтверско решение, туку и партнерство што ни помогна да ја унапредиме HR-функцијата и да обезбедиме подобро искуство за вработените. Благодарение на FledgeWorks, сега можеме да го зајакнеме нашиот HR-тим, да ја зголемиме ангажираноста на вработените и да се погрижиме вистинските таленти да бидат на вистинското место во вистинско време.“

Соња Наумоска

Соња НаумоскаГлавна директорка за административни работи, Tinex

„Со FledgeWorks успеавме да ги централизираме податоците за вработените и да ја поедноставиме и автоматизираме администрацијата. Заштеденото време го искористивме за да ги подобриме благосостојбата и задоволството на вработените и да се посветиме на HR-процеси што ѝ носат вредност на компанијата.

Со целосно воведениот процес за управување со таленти, кој ги проценува и поврзува учењето, компетенциите и работниот учинок со личниот и кариерниот развој, со само неколку клика ќе можеме да планираме и спроведуваме обуки и активности за оспособување на вработените. Исто така, ќе можеме да ги идентификуваме талентите во компанијата и да ги усогласиме со барањата за отворените работни места.

Со пребарување на талентите во компанијата и регрутирање надвор од неа, полесно ќе управуваме со кариерниот развој и ќе го планираме наследувањето на позициите. Така ќе ги имаме вистинските луѓе на вистинското место и во вистинско време, мотивирани и компетентни.

Во тимот на FledgeWorks најдовме партнер од доверба, подготвен да одговори на нашите потреби и на специфичностите на нашето работење и заедно со нас да продолжи да го унапредува квалитетот на нашата HR-функција.“

Драгана Јоциќ

Драгана ЈоциќДиректорка за човечки ресурси, Phoenix Group Serbia

„FledgeWorks навистина прави сè како што треба! Создаде иновативна алатка што лесно се користи, има внимателен пристап кон корисниците и обезбедува извонредна поддршка.

FledgeWorks нуди повеќе од вообичаена HR-платформа. Одлично ги поддржува процесите на воведување нови вработени и управување со работниот учинок. Особено впечатливо е што сите модули функционираат заедно толку добро: развиени се од истата компанија и уште од почетокот се осмислени да работат како целина. Тоа создава навистина одлично корисничко искуство.

Технологијата на FledgeWorks работи во облак, што значи дека не мора да се грижите за инфраструктурата.“

Примож Артач

Примож АртачГенерален директор, Tosla Group

„Во банката имаме нешто помалку од 1.200 вработени, разгранета организациска структура и прилично сложени деловни процеси. Затоа баравме решение за дигитализација на HR-процесите и пресметката на платите. Решението го најдовме во платформата FledgeWorks.

Нешто повеќе од три месеци по воведувањето на платформата, можам да кажам дека поедноставивме, забрзавме и дигитализиравме многу HR-постапки. Баравме алатка што ќе ни помогне дополнително да ја подобриме соработката меѓу HR-тимот, менаџерите и вработените. FledgeWorks ни ја обезбеди токму таа алатка.

И нашите вработени ја прифатија платформата со задоволство. FledgeWorks веќе се покажа како вистинското решение.“

Рок Жупанчиќ

Рок ЖупанчиќПрокурист, OTP bank

Придобивки за вас

Што нудиме

Сè за HR. Една платформа.

Сите HR процеси и податоци на едно место, со лесен пристап и самоуслужување за HR, менаџерите и вработените во секоја фаза.

Автоматизирани HR процеси

Автоматизирајте ги работните текови, одобрувањата, известувањата и рутинските задачи. Така HR заштедува време за работа со поголема вредност.

Вградена HR експертиза

FledgeWorks спојува технологија, докажана HR методологија, најдобри практики и прилагодливи шаблони за дигитални и поефикасни HR процеси.

Флексибилно и исплатливо

Плаќајте само за потребните модули и лиценци. Лесно проширете ја платформата за повеќе компании, земји и јазици, според локалните прописи.

Безбедност и усогласеност

FledgeWorks е сертифициран според ISO 27001, со вградена безбедност и приватност и посебен GDPR модул за вашите HR податоци.

Имплементација и поддршка

Нашиот искусен тим ве води низ имплементацијата, преносот на податоци и интеграциите, со стручна поддршка при секојдневната употреба.

FledgeWorks Модули

Core HR

Изградете стабилна основа за стратешко и динамично HR управување.

Со дигитализација на основните HR функции, сите чувствителни податоци за вработените ќе бидат безбедно зачувани и лесно достапни од било кој уред и локација. Автоматското генерирање документи ќе ви заштеди драгоцено време, а рачната документација и можните грешки ќе бидат елиминирани.

Управување со таленти

Обезбедете најдобро искуство за вашите вработени

Привлечете, развивајте и задржете врвни таленти преку дигитализирани процеси за управување со таленти. FledgeWorks им нуди на вработените, менаџерите и HR тимот алатки и насоки потребни за успех, без разлика каде и кога работат. 

Со FledgeWorks можете да ги вработите најдобрите кандидати, да ги ангажирате вработените, да ги развивате нивните вештини и да бидете сигурни дека секој вработен е награден и соодветно вреднуван. 

Управување со работна ефикасност

Подобрете ги HR процесите за поедноставен работен тек и зголемена продуктивност

Воведете иновативни HR решенија што ќе ви помогнат да ја зголемите ефикасноста на вашиот тим. FledgeWorks нуди сеопфатен сет на алатки, создадени за поедноставување на HR процесите, подобрување на организацијата на работата и поддршка при носење стратешки одлуки базирани на податоци. Со функции како што се следење на работното време и присуството, известување, HR аналитика, буџетско планирање, распоред на работните обврски и менаџирање со надоместоците, нашата платформа им помага на организациите ефикасно да менаџираат со својот тим и да ги постигнат своите деловни цели.