Нашата приказна

Добредојдовте во FledgeWorks – cloud-базирана, сеопфатна, кориснички прилагодена и исплатлива HRM платформа, создадена за да им обезбеди на компаниите услуги на ниво на претпријатие, без разлика на нивната големина. 

Нашата компанија е резултат на соработката на четворица основачи, кои заедно имаат повеќе од 50 години искуство во ИТ индустријата, работeјќи со некои од најголемите светски технолошки компании, како што се HP, Microsoft, IBM и Deloitte. 

Нашата платформа е базирана врз докажана HR методологија, која успешно е имплементирана во повеќе од 40 компании. Со години посветена работа, нашиот тим ја трансформираше оваа методологија во иновативно софтверско решение, што им помага на бизнисите од сите големини да ги оптимизираат своите HR процеси. 

Веруваме дека HR процесите треба да бидат едноставни, ефикасни и исплатливи. 

FledgeWorks е дизајнирана да ги обезбеди на компаниите сите алатки потребни за управување со HR процесите – од регрутирање и адаптација на нови вработени до следење на перформансите, управување со таленти и ангажираност на вработените. 

Посветени сме на тоа да им обезбедиме на нашите клиенти извонредна корисничка поддршка. Нашиот тим е секогаш достапен да ви помогне кога ви е потребно. 

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со вас и да помогнеме вашиот бизнис да напредува!