Илустрација за кадровската функција во интелигентната доба – силуета на глава со дигитална мрежа во мозокот и текст за улогата на HR во создавање средина за одржлив раст на луѓето и организациите – FledgeWorks

Кадровската функција во интелигентната доба: Како да се создаде средина за одржлив раст на луѓето и организациите

JASMINA RIDZI, HRM CONSULTANT AT FLEDGEWORKS

Во денешната ера на вештачка интелигенција, брзи промени и недостиг на таленти, класичните административни пристапи во HR повеќе не се доволни. Современата кадровска функција мора да биде прилагодлива, стратешки насочена и технолошки поддржана. Нејзината улога не е само да води евиденции и процеси, туку да гради темели за одржлив раст и организациска отпорност.

Еволуција на HR низ четири доби


Развојот на кадровската функција може да се разбере преку четири историски доби: 

  • Индустриска доба (1760–1970): Работата е физичка, рутинска и хиерархиска. HR е фокусирана на администрација, плати и безбедност. 
  • Информациска доба (1970–2000): Подемот на информатиката создава потреба за управување со компетенции и воведување HRIS системи. HR добива системска и стратешка улога. 
  • Дигитална доба (2000–2020): Работата станува пофлексибилна, HR учествува во обликување на организациска култура, развој и брендирање на работодавачот, со дигитални HRM алатки. 
  • Интелигентна доба (2020-натаму): Работата ја дефинираат AI, автоматизација и податочна аналитика. HR мора да ги поврзе луѓето, процесите и технологијата во интегриран систем што обезбедува долгорочна конкурентност.

HR како архитект на одржлив раст


Современото деловно опкружување бара HR да биде носител на иновативност и отпорност. Истражувањето на Gartner од 2024 година, спорведено помеѓу 1400 HR директори ги истакна клучните приоритети: развој на лидерски компетенции, градење организациска култура, стратешко планирање на работната сила, управување со промени и дигитална трансформација со помош на вештачка интелигенција. 

Ова покажува дека HR повеќе не е извршител, туку стратег кој ја обликува иднина. Затоа е неопходно воспоставување целосен кадровски екосистем што ги поврзува компетенциите, лидерството, системите на успешност и современата технологија.

Компетенциски модел за интелигентната доба


Компетенцискиот модел е основа на современата HR стратегија и мора да одговори на двата вида компетенции: 

  • Технички и дигитални компетенции (AI, податочна аналитика, користење современи алатки) кои брзо се менуваат и бараат агилен пристап, микро-учење и постојано освежување на знаењето. 
  • Однесувачки компетенции (тимска соработка, емоционална интелигенција, стратешко размислување, иновативност), кои се развиваат подолго преку коучинг, менторство и лична рефлексија. 

Клучно е компетенциите да не се третираат како статични цели, туку како живи подрачја на развој. Тие мора да се следат, оценуваат и надградуваат врз основа на податоци. Современ модел охрабрува самоиницијативно учење, ги поврзува формалното и неформалното образование и создава култура на психолошка безбедност, каде грешките се прифатени како дел од развојот. 

Таквиот пристап им овозможува на организациите да градат ангажирани и флексибилни вработени, подготвени за идни предизвици.

Развој на лидери: од надзор кон овластување


Современите организации бараат лидери кои не се ограничуваат само на менаџирање, туку инспирираат и ги поддржуваат луѓето околу себе. Тие градат доверба, ја поттикнуваат иновацијата и се пример за интегритет и визија. Во исто време, мораат да останат отворени, способни за слушање и подготвени да создадат средина во која тимовите се чувствуваат безбедно и мотивирано. 

HR има клучна улога во создавање програми за развој на лидери: 

  • структурирани обуки што вклучуваат современи компетенции како комуникација, емоционална интелигенција и агилност, 
  • коучинг и менторски програми, 
  • peer-to-peer учење и размена на искуства, 
  • механизми за справување со стрес и зачувување на внатрешна сила. 

Одржливиот развој на лидерите е стратешка инвестиција. Тој е темел на култура во која вработените се чувствуваат видени и важни – токму тоа е клучот за организациски раст во интелигентната доба.

Современ систем на успешност


Традиционалните годишни оценувања сè повеќе се заменуваат со култура на постојан дијалог, насочена кон иднината. Во таков систем HR обезбедува: 

  • поставување јасни цели и брзи повратни информации, 
  • активно вклучување на вработените во сопствениот развој, 
  • редовни разговори наместо еднократни извештаи, 
  • овластување на лидерите со алатки за водење и развој на тимови, 
  • поврзување на успешноста со награди, унапредувања и мобилност. 

Дигиталните алатки ја прават успешноста транспарентна, со редовен увид во резултатите и можностите за подобрување. Така, системот не е административен товар, туку извор на конкурентна предност што ја поттикнува ангажираноста и растот.

Дигитализација и AI


Технологијата денес е повеќе од поддршка – таа е стратешки ’рбет на HR. Дигитализацијата и AI овозможуваат: 

  • автоматизација на рутински процеси, 
  • создавање подобро искуство за вработените преку самоуслужувачки алатки, 
  • информирано одлучување во реално време преку податоци и аналитика. 

Воведувањето на AI во HR бара тесна соработка со IT, не само заради техничка поддршка, туку и заради безбедност на податоците и усогласеност со законите.

Комплетна HRM платформа


Современата кадровска функција има потреба од повеќе од само збир на дигитални алатки – има потреба од комплетна, поврзана и интелигентна HRM платформа, која: 

  • овозможува систематско, конзистентно и ефикасно управување со целиот животен циклус на вработените, 
  • ги покрива сите кадровски евиденции, ја автоматизира изработката на кадровски документи, 
  • ги поврзува процесите, луѓето и податоците во паметен и одзивен кадровски екосистем, 
  • поттикнува соработка меѓу HR, лидерите и вработените и ја зајакнува агилноста, транспарентноста и инклузивната култура, 
  • вклучува функционалности на вештачка интелигенција, кои се интуитивни и достапни и за корисници без напредни технички знаења, 
  • овозможува интеграција со други клучни системи, како LMS, ERP и надворешни државни портали, 
  • вклучува напредна аналитика на податоци за стратешко планирање и одлучување, 
  • се прилагодува според големината на компанијата, 
  • обезбедува целосна усогласеност со законодавството (вклучително и GDPR), 
  • нуди прилагодливост на личното искуство на корисниците (јазик, известувања), 
  • вклучува самоуслужувачки пристап на вработените до информации и процеси, било каде и било кога. 

Една современа HRM платформа со вграден AI обезбедува систем на одржување, безбедност и поддршка и ги автоматизира клучните процеси. Така ја забрзува работата, го растоварува HR и лидерите и претставува темел на ефикасно и стратешко кадровско работење.

Заклучок


Кадровската функција денес не е само административна поддршка, туку стратешки партнер кој ја обликува иднината. Нејзината мисија е да создаде средина во која секој вработен има можност да стане најдобрата верзија од себе. 

Тоа подразбира култура на постојано учење, доверба, отворена комуникација и иновација, поддржани со дигитални алатки и вештачка интелигенција. Само организациите кои ќе ја позиционираат HR како двигател на одржлив раст ќе бидат подготвени за предизвиците на иднината. Сите останати ќе ризикуваат да заостанат.