Процес на имплементација
Во текот на имплементацијата, ќе бидете водени од нашиот тим на HR и технички експерти. Процесот се одвива во три главни фази.
- Првата фаза на имплементацијата се фокусира на администрацијата на HR или основниот HR. Обезбедуваме внес на податоци и преглед на организациската структура. Во оваа фаза ја поставуваме основата за непречено функционирање на HR процесите и нивно усогласување со бизнис целите.
- Втората фаза вклучува постепено воведување и тестирање на HR процесите во областа на управување со таленти и работна ефикасност што ќе ги користите во FledgeWorks.
- Третата фаза опфаќа исправка на грешки и решавање на предизвиците што можеби се појавиле во претходните две фази.
Во текот на целиот процес на имплементација, работиме со вашиот тим, кој е обучен за оптимално користење на FledgeWorks платформата. Исто така, нудиме дополнителни обуки по потреба. Покрај ова, самата платформа во себе содржи и упатство направено со цел полесно користење на истата. Воедно, достапни се и видео упатства за клучните процеси.
Дел од процесот на имплементација е и задолжителната интеграција на FledgeWorks со вашите постоечки информациски системи или новите системи што сакате да ги користите, како што се LMS, BI, AI и други.